Им помагаме на претприемачите да креираат конкурентни, одржливи и професионални компании кои брзо и ефикасно растат и ги остваруваат поставените цели.

  • ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ИНСТИТУТ ЗА МЕНАЏМЕНТ ПОДДРШКА

    Се за вашиот бизнис на едно место

  • БИЗНИС ЕКСПЕРТИ НА ВАША УСЛУГА

    Располагаме со тим од високо квалитетни професионалци и препознаени менаџмент практичари.

  • ПРОФЕСИОНАЛНОСТ И КВАЛИТЕТ

    Нашиот систем за осигурување на квалитет ви гарантира видливи бизнис резултати.

Поддршка достапна веднаш

Нашите услуги ви стануваат достапни рок од 24h.

Долгорочни решенија

Бизнис солуции кои даваат одржливи резултати.

Услуга достапна за секого

Цена според можностите на малите бизниси.

Првите консултации се бесплатни

Дојдете и уверете се во квалитетот кој го нудиме.

ПРОФЕСИОНАЛНАТА БИЗНИС ПОДДРШКА НИКОГАШ НЕ БИЛА ПОДОСТАПНА

Институт за менаџмент поддршка ви овозможува ефикасни и долгорочни решенија за сите предизвици со кои се соочува вашата компанија.

За Нас

Мисијата на ИМС е да ги менторира и поддржува претприемачите да креираат конкурентни, оддржливи и професионални претпријатија, способни за брз развој и остварување на поставените цели.

Им помагаме на нашите корисници ефикасно да ги користат ресурсите, да инвестираат во сопствениот развој, да бидат конкурентни на домашниот и странскиот пазар и да се грижат за своите клиенти и вработени, со што ќе придонесат кон унапредување на општата социоекономска состојба и развој на општеството во целина.

Смислата на нашата работа е да придонесеме кон намалување на сиромаштијата и невработеноста, социјалната кохезија и развојот на општество базирано на знаење, преку негување на претприемничкиот дух и градење на капацитетите на денешните и идните претприемачи, креирање на подобри услови за развој на бизниси и продуктивна бизнис средина, и промовирање на фер конкуренција и етичка бизнис култура.

  • СТАНДАРДИЗИРАНА МЕТОДОЛОГИЈА

    Проверени бизнис алатки и пристапи за сите услуги кои ви ги нудиме.

  • ДОВЕРЛИВОСТ И ДИСКРЕЦИЈА

    Високо ниво на професионалност и бизнис етика.

  • НЕКОНВЕНЦИОНАЛНИ РЕШЕНИЈА

    Нови и креативни пристапи за решавање на старите проблеми.

  • БИЗНИС ПОДДРШКА „ПО МЕРКА“

    Прилагодување на услугите согласно со специфичните потреби на секој клиент.

ЗА МЕНАЏЕРИ И ПРЕТПРИЕМАЧИ

Водењето бизнис е нималку лесна задача. Успешниот претприемач треба да поседува и технички и менаџмент вештини кои ќе му дозволат лесно да раководи со вкупното портфолио на менаџмент функции во една организација со што ќе се осигура дека компанијата сигурно чекори кон остварување на поставените цели.

ИМП овозможува индивидуална поддршка за претприемачи и менаџери, со цел развој на нивните капацитети за успешно водење и управување со бизниси.

  • Индивидуално менторство за бизнис и менаџмент
  • Дневно советување при носење одлуки
  • Брз пристап до широк спектар на бизнис ресурси
  • Размени, вмрежувања и партнерства
  • Поддршка за личен и професионален развој

РАБОТЕТЕ СО НАС

Институт за менаџмент поддршка е динамична компанија која постојано учи и се развива. Ние сме секогаш заинтересирани за нови партнерства и соработки кои ќе го унапредат квалитетот и опсегот на нашата работа.